
Ова е нејзиниот изглед долги години пред 2012 година. Во 2012 година Локалната самоуправа и градоначалникот се преселија во простории на Спомен Домот АСНОМ поради редица на причини, од кои што како поинтересна ќе ја спомнам причината за спречување на извршители да го извршат просторот во Спомен Домот АСНОМ во Делчево.
Општина Делчево од 1998 година е задолжена општина со огромен долг кон повеќе доверители од кои поголем долг има кон една градежна фирма, чиј што долг генерира токму од таа 1998 година. Во 2009-2011 година извршителите во Делчево беа во потрага по имотот кој што е сопственост на општина Делчево со цел за негово извршување а еден дел од тој имот е и употребливиот простор на Спомен Домот АСНОМ. Овој нерационално грандиозен објект е сведоштво на апсурдноста на поранешниот режим во поранешна Југославија и е граден како провокација и пандан за големината и силината на Титовото владеење наспроти владеењето на Тоодор Живков во Бугарија. Од такви побуди и со тој архитектонски набој тогаш бил проектиран и градскиот парк во Делчево кој останал со децении незавршен, исто како и Спомен Домот АСНОМ.
Во 2010 година се дојде на идеја општина Делчево да ги завземе корисните простории во Спомен домот АСНОМ во Делчево како НЕОПХОДНИ за нејзино нормално работење и функционирање со цел за да не бидат извршени од извршители. Во тој напор делумно се успеа а потоа во 2011 и 2012 беа извршени дел од просториите на Спомен домот кои што денес се КАФАНИ (чудно). Интересно е што актуелниот Градоначалнико Горан Трајковски кој денес седи во фотелјата во Спомен Домот АСНОМ во Делчево таа 2011 и 2012 година со дел од неговите тогаш најблиски соработници се противеше на процесот на преселување на општинските простории од позиција на Претседател на општинската организација на СДСМ во Делчево.
Забележете ги статуетките кои што се наоѓаа во стариот кабинет на градоначалникот на општина Делчево.
Овие статуетки се макети за скулптури кои што требало да бидат направени во физичка големина и поставени на четирите краеви на мостот во центарот на Делчево. Статуетките се приказ на македонски војници од различен период на Македонската историја: Фалангата на Александар III Македонски, Самоилов војник, Четник од Илинденската епопеја и партизан од Народноослободителната војна. Овие статуетки биле нарачани и направени од страна на поранешен функционер од ВМРО-ДПМНЕ во Делчево.
Пишува: Кирчо Анастасов
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Штетничката влада на СДСМ и ДУИ донела противуставен закон кој во критичен момент ја поништува октроираното судство за да се продлабочи кризата во предизборна година
Како СДСМ повторно сака протестите на граѓаните да ги искористи за сопствени политички цели?
За живот после смртта