Искуство и знаење
Чесност и достоинство
Скромност и искреност,
работливост и истрајност…
Тоа не се паушални изјави од некоја утопија.
Тоа се вредности кои што нас не прават различно од целиот останат жив свет на планетава.
Од туѓи искуства на кои што сум бил сведок во мојата досегашна пракса низ животот, тврдам дека секогаш има поголем ѕвер во оваа наша џунгла. Доколку вашата цел е да бидете “ѕвер” кој ќе ги издоминира останатите “животинки” во џунглата имајте го тоа во предвид кога поголемиот “ѕвер” ќе дојде по вас.
Но доколку овие погоре спомнати вредности се ваше секојдневие вашиот животен пат ќе биде значително отпорен на секакви закани и пакости.
Нескромно (што е реткост) не случајно можам да се пофалам за голем број настани кои во огромна мера го дефинирале своевремено животот во Делчево и Македонија, во тек од добри веќе 15 години искуство и сведоштва.
Нека не ве лаже приводот дека нештата лесно се забораваат. Баш напротив, се што е добро што произлегло од мојата имагинација, делување и работа е плод на многу удари, пакост на моја лична штета, многу истрајност, многу лични жртви…. Тоа се работи кои што од мене создале горд човек кој што знае и може да живее слободен и горделив живот, нешто што е реткост во денешницата.
Во добар дел на антиципирање на процесите и визуелизација на иднината за значајни општествени прашања сум бил многу прецизно во право, но сепак инертноста на општествените елити овозможила она за што сум предупредувал да се испостави вистина во даден општествен контекст. Тоа не е дарба од Бог, тоа не е натприродно обдарена особина….
Тоа е дел од една внимателно опсервирана природа и реалност на општествени процеси како и согледување на природата и психологијата на актерите кои што биле дел од едно пошироко креирано сценарио.
Понекогаш е добро да го исправиш човек пред неговите најголеми стравови. доблести или маани за да ја покаже неговата вистинска природа. И тогаш вистината- неизвалканата вистина е она што сите како заедница мора да ја доживееме.
Таму сме кај што сме поради нас самите… Како заедница, како општество, како историски континуитет на плејада славни Македонци кои овозможиле наше постоење како Македонци на ова парче Македонска земја.
Еден ден сите нас ќе не снема, ќе остане Македонија.
И тогаш нема да биде важно кој-кого накодошил, кој-чиј живот уништил, кој кога ограбил, излажал, изманипулирал…. Тогаш ќе остане и ќе биде важно што добро имаме направено за својот град, држава, заедница па преку тоа и за самиот себеси. Вистинските приказни кои остануваат да бидат пренесувани од овој Божји народ се оние за истрајноста и работливоста, за скромноста и искреноста, за достоинственоста и чесноста за знаењето и искуството…
Дела и вистина наспроти се што е лошо!
Пишува: Кирчо Анастасов
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Мимоза Рајл: Зошто Никола Тесла во уметноста?
“Најубавата песна” (Посвета на родниот град Делчево)
Тајни фантазии и потреби кои жените ги очекуваат од својот партнер