По вчерашното скандалозно однесување на пратеничката Соња Мираковска од парламентарното мнозинство кое што ја поддржува актуелната влада, кога на неизгласан Дневен ред на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците прогласи завршен прв ден од расправата за донесување на Законот за академија за судии и јавни обвинители, денеска пратеничката Дафина Стојаноска од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку прес конференција од парламентот упати осуда на оваа состојба.
Почитувани,
вчера на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на која се наоѓа законот за академија на судии и јавни обвинители без никакво гласање со груба повреда на деловникот претседателката Соња Мираковска констатира дека завршил првиот ден од трите денови предвидени за расправоа по овој закон. Како може да заврши нешто кое не започнало?
-запраша пратеничката Дафина Стојаноска од опозициската ВМРО-ДПМНЕ од прес салата во собранието.
Целата прес конференција може да ја погледенете во продолжение:


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Миџкалис Рохас се сретна со невладини организации за да го презентира Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија
Обвинение за организација на борби со кучиња
Лишена од слобода радовишанка поради лажна дојава за бомба во училиште во Радовиш, поднесена е кривична пријава