БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Градоначалникот на Лозово Бошко Цветковски ја продолжува борбата против изградба на кафилерија во општината

Пренеси го гласот

Во врска со проектот за изградба на фабрика за преработка на остатоци од животни т.н. кафилерија во општина Лозово кој што претходната локална самоуправа го започна како постапка, денеска Градоначалникот Бошко Цветковски во јавност излезе со повеќе документи од кои се гледаат намерите на функционерите на СДСМ.

“Почитувани,

ОО СДС Лозово, разобличени во намерите да протуркаат изградба на Кафилерија,најпрво се впуштија во одбрана на истата:

❌Наводно 95 работни места,за кои ние сме против, без притоа да приложат било каков доказ..Ако оваа бројка на вработени би била реална, само се докажува фактот дека оваа кафилеријата би била од регионален карактер за целиот Балкан, со што несвесно ги потврдуваат моите сомнежи.

❌Кога сфатија дека не им успева стратегијата да одбранат нешто што не може да биде одбрането-пробаа да ја дефокусираат јавноста со изнесување на невистини и навреди кон мене!!

✅Но како и секогаш, јас зборувам јавно, јасно и транспарентно, поткрепен со документи.

✅Со цел да ја дознаете вистината би ве замолил на секој еден документ да обрнете посебно внимание🔍

Во прилог:

➡️Дневен ред од повеќе седници на совет на кој јасно се гледа дека е поставен Интегриран план за Локален Развој за општина Лозово

➡️Содржина на интегриран план за Локален Развој во кој јасно е наведена изградбата на КАФИЛЕРИЈА

➡️Записници од неколку Седници на Совет,на кои се гледа како се одвивала постапката и кој вршел презентација на Интегрираниот план за Локален Развој

➡️Заклучоци за објавување на Интегриран план за Локален Развој- потпишани од Претседател на Совет✍️

➡️Заклучоци за објавување на Интегриран план за Локален Развој потпишани од Градоначалник✍️

➡️Список на Присутни Членови на Совет на Седницата на кој е донесен Интегриран план за Локален Развој во кој се предвидува изградба на Кафилерија

➡️Одлука за спроведување на јавни расправи (дали некој присуствувал,нека потврди на објавата)

➡️Извештаи од прифатени забелешки од јавни расправи(промена од “Г” во “Е” намена на индустриска зона со наведена конкретна намена за изградба на Кафилерија

➡️Записник од јавна презентација со табеларен преглед на присутни со своерачен потпис за присуство(Истиот ќе го побараме од АХВ)

➡️Анкетен лист со забелешка дека се врши пренамена на намената на индустриската зона со цел изградба на регионална Кафилерија

✅Со цел нештата да бидат појасни,од моја страна ќе бидат означени сите советници кои се во мојата листа на пријатели(останатите означете ги вие) и ќе побарам да се произнесат:

📍Дали го имаат добиено документот “Интегриран план за Локален Развој” во печатена форма пред да биде дискутирано по истиот на седница на совет?

📍Дали при елаборирање на Интегрираниот план за Локален Развој, од страна на Петре Цилаков им е укажано дека во истиот се предвидува изградба на Кафилерија пред да биде ставен на гласање?

📍Дали некој свесно ги довел Членовите на Совет во заблуда,да преку овој документ донесат одлука со која се согласуваат со изградба на објект од ваков тип?

📍Дали советниците по однос на оваа точка дале негативно мислење во делот на изградба на кафилерија а во записниците пишува нешто сосема друго?

📍Кој од Советниците и Граѓаните присуствувал на Јавните расправи за промена на намената на индустриската зона со цел формирање парцела за изградба на Кафилерија?

📍Дали некој од Членовите на Совет бил информиран од каде се ќе се донесуваат мрши од угинати животни, системот на функционирање и точната локација каде ќе се гради овој објект?

📍Дали Членовите на Советот биле консултирани од Градоначалникот пред да биде креиран Документ за Интегриран план за Локален Развој во кој се предвидува изградба на кафилерија?

📍Зошто доколку објектот бил нешто со кое може да се пофали поранешниот градоначалник, истиот не беше транспарентно дискутиран пред граѓаните?

📍Дали некој од Членовите на Совет поддржува изградба на Кафилерија?!

✅Јас како градоначалник сум должен да ги штитам интересите на граѓаните од нашата општина и за таа цел побарав од АХВ да ми биде доставена целосната документација која е испратена до нив а се однесува за делот на Изградба на Кафилерија..

✅Сите документи ќе бидат објавени јавно!

п.с. Пред ВИСТИНАТА и Боговите-МОЛЧАТ”

-соопшти Бошко Цветковски- Градоначалник на општина Лозово во прилог на објавените документи.

Креирано од:


Пренеси го гласот