Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари работна средба со Кристијан Сагарц – Европратеник од Австриската народна партија и известувач во сенка за Македонија во Европскиот Парламент.
На средбата на која присуствувал и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски станало збор за ЕУ аспирациите на Македонија но и можната соработка на општините во Македонија со австриски општини на сите полиња за соработка.
“Заедно со потпретседателот Timco Mucunski денеска се сретнавме со Кристијан Сагарц – Европратеник од Австриската народна партија и известувач во сенка за Македонија во Европскиот Парламент.
Ја афирмирав заложбата на ВМРО-ДПМНЕ за побрз почеток на пристапните преговори со ЕУ.
На средбата исто така беше потврдена добрата соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Австриската народна партија во рамките на Европската народна партија, како и отворената можност за соработка помеѓу македонски и австриски општини во насока на имплементација на проекти од фондови на ЕУ.”
-соопшти Мицкоски во врска со оваа реализрана средба.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Службени лица на МВР и МЗШВ од Струмица и Берово помагале во пустошење на шумите во Малешевијата
Божиновска: Рубинот инспирација за иднината – уметност и геологија се споија со цел ресурсите да ги претвораме во знаење, вредност и иднина
Николоски: Автопатот Прилеп-Битола се гради со силен интензитет. Пелагонија ќе добие модерен автопат по сите стандарди за нов економски развој и посилна иднина на регионот