Напредува реализацијата на ветените проекти од предизборната програма на Градоначалникот на општина Карбици за жителите во сите населени места во општината.
Според информациите од ЕЛС Карбинци и Градоначалникот Виктор Паунов во тек е изградбата на сообраќајната инфраструктура во индустриската зона кај селото Таринци. Деновиве се работи подготвување на планумот и тампонирање и валирање на постилката на улиците по што ќе следува асфалтирање на истите.
Реализацијата на овој капитален инфраструктурен проект во значајна мера ќе придонесе кон зголемен развој на економските активности во оваа рурална општина преку приватни инвестиции во развојната зона.
Дополнително денеска Градоначалникот Паунов ја информираше јавноста дека се реализира уште еден од проектите во неговата предизборна програма во интерес на граѓаните на општина Лозово.
Станува збор за рушење на стар руиниран објект на поранешна спортска сала во селото Долни Балван, кој не е возможно да се користи за потребите на граѓаните, поради неговата дотрајаност. За ваквата постапка која што претставува посериозен финансиски зафат од ЕЛС Карбинци изготвија соодветен елеборат врз основа на кој што ќе се реализира целокупната понатамошна постапка на отстранување на оваа руина.

“Денес го обезбедивме и елаборатот за отстранување на објектот ,,Спортска сала” во село Долни Балван.
Во периодот кој што следи ќе започнеме со постапката за добивање на дозвола и распишување на јавна набавка!
Во Општина Карбинци проектите се реализираат!
“
-соопшти денеска Градоначалникот Паунов преку социјалните мрежи во врска со реализацијата на овој проект.



СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Иван Гоцевски: Оттука тргнала борбата за слобода на Македонскиот народ
На највисоко локално и државно ниво ќе се одбележи 150 годишнината од Разловечкото востание во Делчево
Со лажен сертификат по Англиски јазик сакал да биде директор на основно училиште во Берово