БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ковачевски: Владата продолжува со задржување на ценовната стабилност за граѓаните

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во рамки на 62 сендница на Македонскиот парламент како дел од парламентарната расправа за изборот на заменици министри во Владата свое обраќање имаше Димитар Ковачевски како Премиер.

„Ја барам довербата за избор на нови заменици-министри. Останувам доследен на мојот принцип за предлагање компетентни и работливи личности, со интегритет. Уверен сум дека сите ја имаат потребната мотивација посветено да се вложат во имплементацијата на владината Програма којашто Вие ја поддржавте“, рече премиерот Ковачевски.

Тој порача на новите заменици-министри дека нивните назначувања на заменик-министерската позиција не значи права, туку обврска и одговорности.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

„Барам и очекувам ефикасно, навремено и чесно да ја вршите вашата работа. Тоа е обврска на секој владин службеник. Ќе ја следам вашата работа и резултати“, нагласи премиерот Ковачевски.  

Претседателот на Владата рече дека „врвен приоритет останува ефикасното и одговорно владеење, со фокус на решавањето на клучните проблеми коишто ги засегаат граѓаните“.

„За помалку од месец, покажавме како се работи брзо, ефикасно, квалитетно и одржливо. Имаме високо динамично темпо на работа, во којашто барам резултати. Верувам дека го делите моето објективно мислење дека Владата оствари одличен старт. Сите преземени и најавени обврски, согласно роковите и приоритетите ги започнавме, а дел и веќе решивме“, додаде премиерот Ковачевски.

Тој посочи дека во услови на европска енергетска криза, е направено ублажување на „ценовни шокови“ и дека Владата продолжува со задржување на ценовната стабилност, преку ограничување на цените на основните производи и со системски одговор на надворешните инфлаторни влијанија. Премиерот објасни дека растот на цената на електричната енергија е најнизок во регионот, граѓаните добиваат поддршка, а не е дозволено нарушување на снабдувањето на топлинската енергија во Скопје.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace