Во Македонското собрание во рамки на денешната расправа по првата тока од Дневниот ред на 62 собраниска седница свое обраќање имаше пратеникот Драган Ковачки. Станува збор за точката за Предлог за именување на заменици министри во Владата на Димитар Ковачевски.
Пратеникот од третата изборна единица Драган Ковачки на почетокот од своето обраќање го прозва премиерот за својот однос кон собранието поради неговото доцнење од цели 50 минути за самата седница. Според Ковачки премиерот преку доставувањето на предлозите за заменици министри се исмејува со законодавниот дом и со макаедонската јавност. Ваквата теза Ковачки ја базира на фактот што Премиерот Ковачевски според него доставил козметички измени на составот на претходната влада предводена од Зоран Заев.
-“Минорна промена во формата, суштината останува потполно иста. а суштината е потполна ДУИзација на владата и на државниот апарат. Со само 15 пратеници ДУИ успеа да се наметне не само како фактор од кој зависи иднината на владата туку и фактор од кој зависи иднината на државата. ДУИзацијата и Заевизмот односно нивната симбиоза е проблем на Македонското општество. Спојот на некомпетентноста и криминилизираноста на носечките функции во државата со партиско-политичко влијание во комбинација со отсуството на државничка но и општествена одговорност се причини за целосната стагнација на Македонија на полето на просперитетот. Партизираноста во делот на вработувањата, напредувањата итн. па се до експериментирањето односно егзибиционизмот со некомпетентни и нестручни кадри за иозбор на министри и нивни заменици се фактори за дополнително фрагментирање и деморализација на македонската младина која спасот го гледа надвор од државата…”
-рече Драган Ковачки- пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на почетокот од денешното свое обраќање во собранието.
Ковачки предложените заменици министри во владата на Ковачевски ги нарече конформисти кои што се предлагаат на позиции сам поради нивната способност да климаат со главите.
Целото обраќање може да го погледнете во продолжение:
По обраќањето пратникот Дрган Ковачки имаше и свои две контра реплики, едната за Гоце Делчев
а другата за односот на Али Ахмети кон собраниската демократија


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
40 годишник од Свети Николе предизвикал општа опасност со палење на отпад
Се отвора нова страница во развојот на трансплантациската медицина со успешно започнување на трансплантација на рожници
Нова лабораторија за работа во дрво на Факултетот за ликовни уметности – Скопје