За денешната собраниска седница како точка на дневен ред беше предлог законот за укинување на т.н. апанажа за пратениците функционерите и раководните работници кои ги именува Собранието односно назначува телото што тоа ќе го овласти, претседателот на Република Македонија и Владата.
„Целта на предлог-законот е да се укине правото на остварување на плата по престанување на извршување на функцијата на пратеник во Собранието, функционер и раководен работник кој го именува Собранието односно назначува телото што тоа ќе го овласти, претседателот на Република Македонија и Владата или т.н. право на апанажа, како и почитување на уставниот принцип на забрана за дискриминација врз основа на класно/социјално потекло и имотна, т.е. општествена положба. Предлог-законот одговара на моменталната економска, енергетска, здравствена и финансиска ситуација во време на прогласена кризна состојба и сметаме дека ова решение е во насока на задоволување на целите на овој предлог-закон“,
-стоеше во предлог законот поднесен до собранието од страна на двајцата пратеници на Левица Борислав Крмов и Димитар Апасиев.
Предлог законот не беше изгласан поради тоа што за него гласаа само 16 пратеници додека 13 беа против.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Поднесено обвинение за телесна повреда при семејно насилство во Битола
Предложен притвор за загрозување на сигурноста во Куманово
Потпишан петгодишен протокол за соработка со Универзитетот Тракија: обука за македонските здравствени работници во Едрене