Во соопштение од владеачката СДСМ денеска во јавноста го афирмираа успехот на актуелните органи на прогонот кои што успеаа да запленат поголема количина на дрога.
“Министерството за внатрешни работи во изминатите два месеци покажува одлични резултати во борбата против недозволеното производство и продажба на опојни дроги.
Големи полициски акции резултираа со заплена на огромна количина на опојна дрога, прекурзори и психотропни супстанци.
Во периодот декември 2021, јануари 2022 и првите денови од месец февруари, запленети се над два тона марихуана, над еден тон психотропни супстанци за производство на метформин со вредност од над 50 милиони евра, како и седум килограми хероин во вредност од 300.000 евра.
Овие податоци се доказ за успешноста и ефикасноста на Министерството за внатрешни работи во борбата против трговијата со дрога и неселективна борба против секаков вид на криминал.”
-стои во соопштението на СДСМ упатено до јавноста.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Не издржаа: Од партиска говорница СДСМ се обидува да го политизира ужаснииот и трагичен случај во Кочани
Здравствените власти во државата работат со полн капацитет, ова е бројот на хоспитализирани пациенти по здравствени установи, како и упатени во странство
ААВМУ: Медиумите да бидат особено внимателни кога известуваат за трагедијата во Кочани