Врз основа на Законот за стратешки инвестиции каде што се уредени критериумите, условите и постапката за пријавување, утврдување на статус, избор, подготовка и реализација на инвестициони проекти од највисок стратешки приоритет за државата, а со цел да поттикнување, привлекување и создавање услови за спроведување на стратешките инвестиции во државата, зголемување на економски пораст, вработување и примена на нови технологии и иновации, зголемување на конкурентските економски можности на Република Македонија, зголемување на извозот и намалување на трговскиот дефицит и подобрување на добросостојбата и условите за живеење на граѓаните на Република Македонија, согласно принципите на слободно движење на стоки, услуги и капитал, на слободна конкурентност и еднаков третман, недискриминација и транспарентност. Владата на Димитар Ковачевски објави јавен повик за доделување на статус на стратешки инвестициски проект на правни субјекти кои што се заинтересирани да реализираат големи инвестиции во Македонија
Според дефинициите на јавниот повик за стратешки инвестиционен проект се смета проект кој исполнува една или повеќе цели од точката 1.1 од Јавниот повик, а со кој се врши реализација на инвестиција во висина од најмалку 100 милиони евра на територија на најмалку две или повеќе општини, најмалку 50 милиони евра во општините со седиште во град, општините во градот Скопје и градот Скопје и најмалку 30 милиони евра во општини со седиште во село.
Притоа заинтересираните субјекти мора да исполнат повеќе општи услови за да ги поднесат своите барања до владата. Овие услови се однесуваат на стандардизација на условите за заштита на животната средина, да не се во спротивност со Уставот на Македонија како и да се во корелација на стратешките приоритети на Владата на Република Македонија.
Право на учество на јавниот повик имаат секое домашно правно лице или подружница на странско правно лице, регистрирани за вршење дејност на територијата на Македонија согласно со закон и кои што ги исполнуваат барањата и потребна документација за добивање статус на стратешки инвестиционен проект утврдени во Образецот на барањето за добивање на статус на стратешки инвестиционен проект што го утврдува Владата.
Рокот за доставување на барањата е до 31.01.2023 година.
Сите одредби на повикот се достапни на веб страницата на Владата.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Штипјанец сведочел а не пријавил нанесување на тешка телесна повреда
Македонија и Унгарија зацврстија стратешка енергетска соработка – делегација на министерството на петта седница на Мешовитиот комитет
„Вози безбедно – стигни сигурно“ – превентивна кампања на СВР Штип