БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Талат=Оставка

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки денеска на прес конференција од партиското седиште уште еднаш побара оставка од претседателот на собранието Талат Џафери.

“Денес е работен ден во Собранието на Република Македонија и ако имаше барем грам доблест Талат Џафери денес ќе си поднесеше оставка од позицијата Претседател на Собранието. Прво тоа ќе го направеше заради примитивното и вулгарно однесување кое го манифестираше кон вработените кои ги пцуеше и навредуваше. Второ, заради скандалозната средба која ја имал со делегација во која учествувал и чеченски политичар, поранешен пратеник во руската Дума и соработник со режимот во Кремљ,”

-рече на почетокот од својата денешната прес конференција Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Тој истакна дека овие два скандали се доволни во Европа да заврши кариера на било кој политичар, а не пак на претседател во Собрание.

“Зарем има друг претседател на Собрание во земја членка на НАТО кој остварува контакти и средби со лица од безбедносен ризик за државата или за стратешките партнери. Одговорот е нема друг освен Џафери. Има ли некој функционер во демократска земја кој навредува вработени и после тоа не понесува одговорност? Одговорот е нема друг освен Џафери. Срамно е што државните институции молчат за скандалот кој го предизвикал Талат Џафери среќавајќи се со безбедносно-интересно лице од Чеченија. Неодговорно е од Ковачевски, Пендаровски и Спасовски да молчат за средбите на нивниот Талат Џафери со лицето кое е основач на здружението „Муслиманите со поддршка за претседателот Путин”. Треба ли некој да ги потсети споменатите дека извршуваат одговорни државни функции и дека со безбедноста на државата не смее да има импровизации, а дека меѓународниот углед се должни да го чуваат, а не да го рушат.”

Драган Ковачки посочи дека заради зачувување на криминалната и анационална коалиција на власт, Ковачевски, Пендаровски и Спасовски се подготвени да го одмолчат, а со тоа и да ги оправдаат скандалите кои секојдневно ги прави Талат Џафери.

“Но Ковачевски и сопартијците очигледно одбраа да се водат од принципот „не сме од овде, ништо не сме виделе и ништо не сме чуле“. Бидејќи го брани Талат Џафери, тогаш и Ковачевски и СДСМ подеднакво ја прифаќаат вината, срамот и одговорноста, а бидејќи СДСМ и ДУИ и нивните функционери заедно крадат, заедно го тормозат народот, заедно го игнорираат очигледното, тогаш и заедно ќе бидат поразени и заедно ќе одговараат,”

-потенцираше за крај на прес конференцијата Драган Ковачки.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace