Според извори на “Алфа TВ” во власта, двајцата коалициони партнери Заев и Ахмети стравуваат дека гласовите од Алијанса за Албанците и Беса, на адреса на натпартискиот кандидат поддржан од ВМРО ДПМНЕ – Силјановска- Давкова, во вториот круг, ќе значат и нејзина победа.
Поддршката на албанската опозиција е договор меѓу ВМРО ДПМНЕ и Алијанса што за сега не е официјално потврден од двете партии, но не е ни демантиран. Неофицијално, постои договор: македонската опозиција да ја поддржи албанската за нивниот кандидат за градоначалник на Дебар каде заедно со претседателските ќе се одржуваат и локалните избори. На овој начин кандидатот на Алијанса би излегол како победник, а потоа во вториот круг на претседателските, албанската опозиција да ја даде својата поддршка на контото на Силјановска- Давкова – додаваат од “Алфа”.
“ Секакви политички дилови се можни, особено пред парламентарните избори, и за тоа се отворени и Беса и Алтернатива, освен ДУИ и Вејсел Мемеди. Така што ништо не се исклучува. До сега немаме преговори или договори со никого до сега, математиките конкретно за Дебар е тоа дека нашиот кандидат води со 30-40 отсто пред тој на ДУИ. Но, да почекаме да видиме како ќе се одвиваат работите во вториот круг. Сите математики се можни, отворени сме за комуникација со сите, но цврст договор немаме”
– изјави градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Две дами во кадифено: Министерката Божиновска денеска се сретна со амбасадорката на САД Агелар
Просториите на ФФМ како слика за наследените состојби во сите сфери на државата
Креирање на долго очекуваните реформи во образованието заедно со младите