Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов, соопшти дека рокот за бесплатно чипирање на домашните миленици се пролонгира до 31 декември.
Атанасов потсети дека за кампањата за идентификација и регистрација на милениците која требаше да трае до 31 март, се набавени вкупно 100.000 микро чипови, но досега во системот се регистрирани само 49.000 миленици.
-Од 1 април аплицирањето на чипот ќе се наплаќа 200 денари, а издавањето на пасошите 120 денари. Чипот е донација од АХВ, истакна директорот. Од 1 април инспекциските служби ќе почнат со изрекување казни ако затекнат нечипирани миленици, 100 до 150 евра за физички и 1000 евра за правни лица.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!
АХВ и Ветеринарната комора партнерски ќе бараат решенија за предизвиците
Денеска се одржа саем на женско претприемништво „ЕКСПО 2026“