На 11 септември (вторник) со почеток во 20 часот во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” ќе гостува комедијата “Пасивно пушење” на кавадаречкиот театар “Иван Мазов Климе”. Претставата ќе се изведе според текстот на српскиот драматург Небојша Ромчевиќ, а ја режира Јордан Витанов како гостин од велешкиот театар.
Главните улоги во претставата ги играат Диме Коцевски, Видан Станоев, Диме Боцев, Љупчо Настов, Коле Колев и Валентина Ѓорѓиева.
Преводот на македонски јазик и адаптацијата на текстот е на Ненад Витанов.
Сценографија – Валентин Светозарев; костимографија – Јордан Витанов; избор на музика – Марјан Тодоровски; асистент на режија – Микица Илова; инспициент/суфлер – Благица Илиева; видео продукција – Тони Коцев; сценска поддршка – Диме Темков.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија