БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Тодор Петров – Уставниот суд…Промената на името на државата… И владината лага за европска Македонија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

“ Уставните судии расчистија една голема владина лага. Владата демек води кампања за европска Македонија, но судиите ги отфрлија иницијативите на Светскиот Македонски Конгрес и на Левица за поништување на Одлуката за распишување на референдум со образложение, дека референдумското прашање не е за ЕУ и НАТО, туку за Договорот со Грција за промена на името на државата во Северна Македонија и трансформација на државата Македонија во територија без народ и историја. Иронијата да биде поголема, уставните судии беа контрадикторни. Отфрлија расправа за Договорот за Грција затоа што тој не бил предмет на разгледување, туку само Одлуката за распишување на референдумот, а содржината на Одлуката за распишување на референдумот е токму референдумското прашање. Судот, за жал, скандалозно, дури сметаше дека Европската Унија не е ни сојуз на држави и затоа референдумот не подлежи на процедурата од членот 120 на Уставот: Одлуката се донесува од двотретинско мнозинство гласови (80) од вкупниот број пратеници (120) а стапува во сила кога за неа ќе гласаат ЗА мнозинството (904.000) од вкупниот број запишани избирачи (1.808.000). Рекоа и го погазија референдумот од 8 септември 1991 година кога народот во апсолутно мнозинство гласаше “ЗА СУВЕРЕНА И САМОСТОЈНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА” без додавки и без придавки. Одлуката од референдумот е задолжителна за сите, па и за уставните судии!

Очигледен беше притисокот врз уставните судии. Ги разоткри, видно возбуден, уставниот судија Јован Јосифовски, кој укажа дека избрани се со свечена изјава дека ќе го штитат Уставот и законите, правата и слободите, правната држава. Го праша  претседателот на Судот, Никола Ивановски, зошто биле, од кого, каде повикани и што им е сугерирано на сите седум судии кои гласаа против поништувањето на референдумот, зошто не биле поканети и тој и судијата Елена Гошева на тие разговори. Репликата од претседателот на Уставниот суд беше “Што се тресиш кога зборуваш!” Алооо, има ли државава јавен обвинител?

Затоа: Бојкотирам значи НЕ ГЛАСАМ!”

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

– Напиша Петров

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace