Кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните локални Избори Тони Тоневски, во јавноста обзнани информации за инвестиција на над 15,5, милиони денари од страна на актуелната влада предводена од Премиерот Христијан Мицкоски за развој на спортот за граѓаните на Пробиштип.
“Владата на ВМРО-ДПМНЕ дава поддршка на Пробиштип, а со градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, таа поддршка ќе биде уште поголема, постојана и посветена.
Како човек кој до 2017 година ја вршеше функцијата градоначалник на Пробиштип и како кандидат кој повторно ја бара довербата на моите сограѓани, со гордост можам да кажам дека денес се гледа разликата кога Владата има слух за потребите на Пробиштип и пробиштипјани.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажа дека вистински се грижи за сите граѓани, независно кој е на чело на општината. Тоа е одговорен пристап кој гради, а не дели.
Свеж пример за тоа е одлуката на Министерството за спорт и министерот Борко Ристовски, кои одобрија 15.591.406 денари (253.338 евра) за проектот „Уредување на градски стадион ‘Рудар’ со рекреативна зона“. Проект кој ќе користи на сите – младите, спортистите, учениците, рекреативците, семејствата. Ова е инвестиција во луѓето, во квалитетот на живот, во иднината на нашата општина.
Верувам дека секоја општина заслужува развој, секој граѓанин заслужува внимание, а секое дете – можност и простор за здраво детство. И се што правиме треба да го правиме заедно, со отворено срце и искрена намера.
ВМРО-ДПМНЕ секогаш се грижела за Пробиштип.
Јас, како дел од таа политика, ќе продолжам да се грижам – не со зборови, туку со конкретни дела.
По локалните избори, со нов градоначалник и Совет од ВМРО-ДПМНЕ, Пробиштип повторно ќе се издигне.
Повторно ќе се гради, ќе се инвестира, ќе се слуша секој човек – затоа што за нас, луѓето се пред се.
Време е за Промени – време е за Пробиштип!”
-напиша на социјалните мрежи Тони Тоневски од ВМРО-ДПМНЕ кој што претходно во два мандати исто така беше градоначалник на општина Пробиштип.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!
Уште една голема инвестиција на владата во здравството за делчевчани: Две нови возила за ЈЗУ Здравствен дом ,,Гоце Делчев ” во Делчево