Преку донација на УНДП мисијата во Македонија штипските пожарникари од денеска ќе имаат на располагање ново теренско противпожарно возило, со кое што ќе се борат против огнините закани како во урбан простор но уште повеќе и на отворено.
Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов ја пренесе оваа информација во јавноста:
“Ново теренско противпожарно возило доби ТППЕ Штип.
Денес заедно со постојаниот претставник на UNDP г-дин Армен Григорјан, извршивме примопредавање на донацијата.
Благодарејќи на соработката со UNDP возниот парк на противпожарната единица се збогати со уште едно возило за интервенции со цел полесно справување со огнените стихии.”
-напиша Градоначалникот на Штип Иван Јорданов на социјалните мрежи.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Лишена од слобода 24 годишна жителка на Крива Паланка затоа што го нападнала својот сопруг со остар предмет
Голем успех за Македонија на светскиот избор Miss & Mister Planet 2026 во Грузија
Николоски: Преку 100 милиони денари инвестиции во инфраструктурата во Валандово. Ќе се реконструира и регионалниот пат Струмица -Валандово