Од денешната расправа на седницата за интерпелација на Никола Димитров во Македонскиот Парламент, Трајко Велјановски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ обелодени еден некуриозитетен факт:
Г-дине Никола Димитров, вие ќе влезете и во историјата на Македонскиот парламент да имате две интерпелации. Еднаш како Македонски министер за надворешни работи а вториот пат како северномакедонски министер за надворешни работи.
Вие ја започнавте таа процедура и задоволството е ваше: Северномакедонски министер за надворешни работи.
Тоа е фактот и мислам дека не треба да се лутите….
-изјави од говорницата на парламентот Трајко Велјановски.
Погледнете го остатокот од обраќањето на поранешниот спикер на Македонскиот парламент во дебатата за интерпелација на Никола Димитров.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пилот проект за лекување од далечина започна да се спроведува во Делчево и Дебар
Сообраќајна несреќа со тешки телесни повреди денеска во Штип
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“