БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Традиционален турнир во мал фудбал по повод Света Троица- Духовден (Педесетница) цо село Град, Делчево

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

“Во слогата е силата”- оваа народна мудрост најдобро доаѓа до израз помеѓу жителите на една од најстарите и најзначајните рурални населби во Пијанецот- селото Град.

Во организација на месната заедница на село Град, со сесрдна помош и поддршка на голем број жители од селото кои што се на привремена работа во странство, со спонзорство на голем број приватни стопанственици и поединци, на големиот православен христијански празник Света Тројца- Духовден или помеѓу локалното население попознат како Педесетница во недела на 8.06.2025 година во дворот на подрачното училиште во селото Град се реализираше преубав спортски настан- турнир во мал фудбал.

Овој ден е народен собор на селото што од памтивек од претци останало да се празнува со сите традиции и адети кои што и ден денес живеат помеѓу жителите на селото Град.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

На спортскиот настан свое учество имаа 8 фудбалски екипи кои што ги пленија неколкуте стотици посетители, гости и публика со својата фудбалска магија и строг натпреварувачки дух.

За првенец на турнирот “Духовден 2025, село Град” заслужено беше прогласен ГАГАТА од екипата на Паб Делчево

За најдобри чувари на головите на своите екипи беа прогласени Младен Стоименовски од екипата на Паб Делчево и голманот на екипата од Ранковце,

1. место на турнирот освои екипата на ПАБ- Делчево

2. место освои гостинската екипа од Ранковце

3 место им припадна на гостинската екипа од Берово

За најдобрите на турнирот Месната заедница на село Град која што беше организатор на турнирот додели примамливи парични награди како и испечатени маички со логото на настанот. За најмладите двајца играчи на турнирот организаторот додели два финансиски ваучери кои беа спонзорство од приватна компанија од Делчево. За овие млади спортисти најдобриот голгетер на турнирот Гагата им додели своја лична награда- ручек во локален ресторан за да пораснат уште посилни спортисти во иднина.

Последните неколку години младите жители на селото со многу љубов, со многу почит но и со особено изразено чувство на заедништво и сплотеност донесоа нова енергија на полето на граѓанскиот активизам на кој што може да му позавидат и далеку поразвиени урбани населби.

Организацијата на турнирот во мал фудбал е само еден сегмент од заедничките заложби на жителите на селото Град насочувани под трудољубието на членовите на месната заедница која што е една од ретките не само во општината Делчево која што има свој формален статус на здружение и делува многу организирано и демократски.

Од страна на организаторите упатена е јавна благодарност за сите луѓе кои што допринесоа овој празник на спортот во општината и пошироко да биде реализиран на така високо ниво со голем спортски квалитет и престиж.

За наредната година за овој настан подготовките веќе почнаа уште вчера, со увидување на малите пропусти кои што беа ненамерно направени во целиот настан.

За наредната година “Духовден 2026, село Град” организаторот најавува подигање на нивото на организација на настанот уште повеќе со што ќе биде овозможено достојна афирмација на спортот, заедништвото и заедничките подвизи на сите жители на село Град на уште повисоко ниво.

Видеото од доделувањето на наградите е достапно на сл. интернет врска https://www.facebook.com/share/v/1AfGBYpfnu/

како и дел од атмосферата на настанот достапно на сл. интернет врска https://www.facebook.com/share/v/19PyxdApcc/

До следното видување, по промисла на Господ Бог посакуваме здравје, среќа и успех како на домашен план така и на професионален план на сите жители на село Град како и сите наши пријатели и соработници кои се гордеат со успесите и напредокот на ова рурално населено место во срцето на Пијанец.

Извор: Дестинација Делчево

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace