БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Традиционална Хата Јога во Природна Перспектива во село Стар Истевник, делчевско

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во недела 18.12.2022 ве каниме на јога дружба во еко-куќичката на центарот Природна Перспектива, Стар Истевник.
Настанот е наменет за сите кои имаат интерес да работат на личната благосостојба и потенцијал со помош на оваа древна метода.

Предвидено е средбата да трае околу 3 часа. За ова време ќе имаме интерактивно запознавање со присутните, со тоа што претставува хата јогата и кои се ефектите од неа, а потоа следува практичен дел со асани, техники за дишење и медитативен дел.
На крај имаме отворено пространство за споделување импресии и освежување.

Поради ограниченоста на местата, сите заинтересирани ги замолуваме да си обезбедат место со оставање на лична порака на: https://www.facebook.com/simona.nikolova.399

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

*ВАЖНО: Известете не доколку имате било какви здравствени проблеми бидејќи некои јогиски положби не се погодни за одредени здравствени проблеми и треба да се изведуваат со внимание или да заменат со соодветна положба со сличен ефект.
Во случаи на скршеници, акутни инфекции или болки во грбот, хронични состојби како стомачни улцери, туберкулоза, кардиоваскуларни проблеми или херниа или оние кои се опоравуваат од операција, препорачуваме прво да побараат совет од личен лекар пред да се впуштат во практикувањето на јога.

Цената на настанот ја одредувате вие по сопствено видување и можност

Извор: Фејсбук

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace