Преостануваат уште 2 концерти во Јужна Америка со што ќе се заокружи првиот дел од претходно најавената светска турнеја на кулниот треш метал бенд Пантера.
Под слоганите “За оставштината”, “За браќата”, “За фановите” двајцата преостанати членови од оригиналниот состав на Пантера Фил Анселмо и Рекс Браун засилени со гитаристот од Блек Лејбл Сосајати Зак Вајлд и тапанарот Чарли Бенанте летово ја најавија оваа светска турнеја која што претставува своевидна музичка репетиција на музиката создадена од летворицата оригинални членови во кои покрај Рекс и Фил се и браќата Дајмбег Дерел и Вини Пол.
Наредните неколку денови преостануваат уште два концерти во Јужна Америка по што бендот ќе направи концертна пауза до месец мај.
На 26 Мај Пантера ќе настапи во Софија со што ќе започне вториот дел од нивната светска турнеја во Европа и Северна Америка која е планирано да заврши во 2024 година.





СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
160 недели, најмалку 160 книги: КЛИК веќе објави 21 книга и го отвора македонското книжевно творештво кон светот
Врчак и Симона со „Сонце по дожд“ ја продолжуваат музичката приказна што започна пред години