БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Три нови спортски терени добиваат граѓаните во с. Карбинци, с. Крупиште и с. Кучица. Градоначалникот горд на остварените ветувања

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов во јавноста ги промовираше двата нови спортски терени кои што од денеска започнуваат со користење од страна на спортистите во општината. Денеска на пригоден начин беа промовирани спортските терени во село Крупиште и село Карбинци. Покрај овие два спортски терени исто така ќе биде ставен во употреба уште еден спортски терен во селото Кучица во функција на развојот на спортот во општината.

Станува збор за реализирани проекти со вкупна инвестиција од 3.6 милиони денари, кои што се сретства обезбедени од Буџетот на општина Карбинци, со кои граѓаните добиваат репрезентативни спортски терени кои ќе ги користат секојдневно во иднина.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Денес официјално е пуштено во употреба мултифункционалното игралиште во с.Карбинци, како и игралиштето во с.Крупиште. Со изградбата на овие објекти за спорт уште еднаш ја потврдуваме нашата заложба да градиме едно општество базирано на јакнење на духот и физичкото здравје кај младата популација на нашата општина.

Со нашите инвестиции, нашите ветувања стануваат реалност. ✅

-соопшти денеска во јавноста Виктор Паунов- Градоначалник на општина Карбинци.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace