Здружението за заштита на животните “Про Анима” од Берово на својата фејсбук страна објавија потресна приказна за повторно труење на кучиња во Малешевијата:
Само што се вративме вчера од Пехчево…
Немавме време ни да ги собереме впечатоците од протестот…
ПОВИК!
ШТО ДА СЛУШНЕШ?Деа повторно е отруена.
Сите ја знаете приказната за Деа.
Ја имаше објавата и на нашата страница.
Деа е најдена заедно со својата згазена сестричка,откако претходно беа фрлени од сопственикот.Нашиот активист ја зема.Првичниот договор беше да ја причува до вдомување.
Така Деа стана наша штитеничка.
Деа полека се опоравуваше…Растеше…Ги прими првите вакцини…
Најдовме и домче,ама вдомувачот се откажа поради тоа што немала едно око…
Од друга страна,како што поминуваше времето така семејството на нашата активистка се повеќе и повеќе се приврзуваше за Деа.Почна да се раѓа дилемата дали ќе можат да се разделат од неа кога ќе се најде вдомувач.Едноставно,ден по ден,Деа заземаше парче по парче од нивните срца.
Пред неполни 10-ина дена сторителот пробува прв пат да ја отруе.Не успева.Успеваат да ја спасат.
Вчера..телефоните ѕвонат.
Во утринските часови уште еден обид.
Благодарение на брзата реакција и искуството на нашата активистка и семејството пак е спасена.Во попладневните часови,монструмот пак фрла отров!
Нашата загриженост беше оправдана…кој би можел два пати во денот да преживее силен отров?Сепак се надевавме…Пред полноќ,само ни стигна порака…
“ДЕЧКИ НЕ УСПЕАВМЕ,ЈА ИЗГУБИВМЕ”!
Деа веќе ја нема..
Да постојат зборови да ви објасниме како ја поднесовме загубата на Деа,ама зборови нема…
Семејството што ја чуваше се скршени.
Малиот Ангел со кој растеа заедно го бара своето четириножно другарче.Знаете дете,чисто и неискварено…МОНСТРУМЕ,со кој памет толку упорно фрлаш отров во двор каде заедно растеа 6 месечно куче и 1 годишно дете?
Имаш ли грам совест?
Што ти пречеше или ни ти сам не знаеш?
Му го зема на Ангел првиот другар,знаеш?
Посегна по живот!Да и тие имаат живот и тие имаат душа!Ако има Господ и карма, а ние веруваме дека има,од тебе нека почнат! И од таквите ко тебе!
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Спецификата и убавината на “Ѕвегорска сурова” вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Наближува Православна Нова Година. Таа во село Ѕвегор (Делчевско) се празнува најавтентично
По обилните врнежи од снег во Кочани – КЈП „Водовод“ на терен со расчистување на улиците и тротоарите