Таљат, оној од собрание, денес наишол на „многу топол“ прием во црногорското собрание. На негово место би си помислил „зини земјо и голтни ме“. Претпоставувам дека се почувствувал како …
Ликував додека ги слушав зборовите на опозициските пратеници. Не се притеснуваа и не покажаа никаква почит кон него, официјалниот претставник на нашата држава. Во негово присуство, порачаа дека не е пожелен и не би требало да биде тука. Невиден преседан. Поголемо омаловажување немам видено. Да, тоа е омаловажување и на нашата држава, ама оправдано е, и btw така ни треба.
Нејсе! На сите сегашни и на дел од идните политичари, кои учествуваа, директно или индиректно, во промената на името и капитулантскиот договор, искрено Ви посакувам да го почувствувате денешното искуство на Таљат ама неколкукратно поинтензивно. Ви посакувам да се подбиваат и исмејуваат со вас, и тоа зад Вашите грбови, зашто тоа е поболно. Ви посакувам никогаш да не бидете почитувани ами секогаш исмејувани. Ви посакувам Вашите имиња и дела да бидат користени како бедни и плиткоумни примери. Ви посакувам цели генерации и генерации да Ве помнат по тоа како не би требало да постапуваат едни државници. Ви посакувам да бидете историски примери за непочитување на волјата на народот. Ви посакувам да бидете историски примери на „убивање“ на сопствениот народ и идентитет. Ви посакувам да бидете бедни примери за непочитување и продавање на историјата на својот народ. Ви посакувам да бидете запаметени како испљувоци на историјата!
Некои можеби ќе ме осудат поради мојот речник. Признавам, можеби треба да бидам … поостар!
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
„ Соларни паркови и ветерници за енергетска стабилност – Глобална поддршка за зелена енергија: Средба Божиновска со координаторката на ОН, Рита Колумбија“
Организираниот енергетски пазар во подем: Министерката Божиновска во посета на МЕМО
Николоски: Во 2025 г Македонија ќе биде прва по економски раст во регионот