СИСТЕМ. Позната е тезата дека во секое лудило постои систем. Ако го сфатите системот, според кој функционира некое лудило, сте го сфатиле и лудилото. Што значи, на пат сте да го надминете. Во Република Македонија веќе одамна нема/не се знае (не се знае?) системот според кој нештата функционираат. Се отиде дотаму што она, кое секој македонски граѓанин го знаеше за Талат Џафери (неговото дезертирање од АРМ во ОНА), конечно да го слушне во Парламентот на Црна Гора. Уште да се кажеше на кој начин беше устоличен на власт, па работите/системот ќе станеа уште појасни. Единствено така (со разголување на фактите) може да се допре вистината. Со неа, пак, да се сфати и системот според кој не/функцира Македонија. Вистината за неа, како да е надвор од неа.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи
dm повторно го отвора еко-конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ – пријавете го вашиот двор за раззеленување!