Движењето за национално единство на Турците е против Договорот Заев-Ципрас со кого се предвидува преименување на државата во Република Северна Македонија,
стои во објавата на фејсбук од ова политичко движење на Турците во Македонија.
Преку соопштение Претседателот на Движењето за национално единство на Турците се обрати до јавноста во кое меѓу другото стои:
најодговорно и најсовесно изјавуваме дека нема да пригариме ниту едно решение за промена на името на нашата заедниочка држава Република Македонија во кое не е вградено и мислењето на Турците во Македонија како најлојален и докажан субјект во државноста на Република Македонија.
Ниту сме консултирани ниту сме изворно известени за целиот процес на договарање со Грција и оттука е илузорно и залудно некој да не повикува на разбирање и прифаќање на решението, понудено од Зоран Заев.



СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Истрага за убиство при семејно насилство во Битола
Средба на Јавниот обвинител Савески со директорката на ОТА Јаническа
Истрага за Претседател на суд и Судски администратор