„Државата е држава, бидејќи држи. Кога не би држела не би била држава и ќе стане хаос. Затоа, тука е државата за да држи и да не биде хаос, бидејќи кога не би држела сè ќе се упропасти, што е (рака на срце) хаотична состојба во која…“
Токму на ова место се прекинува таинствениот ракопис, изложен во една од витрините на познатиот Музеј за сè и сешто и за уште понешто. Авторите и датумот на неговото настанавуње се непознати. Но, објаснувањето за држењето/однесувањето на држава, како и за нејзината превентивна функција, држи вода. Држи, ами како! Нема тука вамте-тамте! Мора да се знае ред и поредок.
П.С. На приложената фотографија се гледа како се детектира непријателот.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи
dm повторно го отвора еко-конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ – пријавете го вашиот двор за раззеленување!