Другарот Сталин бил интересна личност, полна со изненадувања како за своите соработници, така и за противниците. Умеел, велат, со нив да ја игра играта „Мачор и глушец“. Природно, глувците биле луѓето околу него. Многумина (и тогаш, и сега) се обиделе да го имитираат. Сепак, другарот Сталин бил и останал единствен. Во оваа пригода пренесувам мал дел од познатата студија на Ерих Фром, посветена на човековата деструктивност. Тоа е двотомната книга „Анатомија на човековата деструкивност“ („The Anatomy of Human Destructiveness“, 1973) во која Фром пишува:
„Еден од познатите историски примери за ментален и физички садизам беше Сталин. Еден од облиците на Сталиновиот садизам била непревидливоста во неговото однесување. Постоеле луѓе за кои ќе наредил да бидат уапсени, но кои после мачењето и строгите пресуди биле ослободувани после неколку месеци, или неколку години, и потоа поставувани на високи функции… Сталиновото однесување изненадувачки јасно одразува еден елемент во неговиот карактер – желбата да им покаже на луѓето дека над нив поседува апсолутна моќ и власт. Само со еден свој збор можел да ги убие, мачи, повторно да ги спаси и да ги награди. Ја имал моќта на бог врз животот и смртта, да нанесува болка и да лекува.“
Час пушти некого од затвор, час затвори го; час стави го во немислост, час во милост; час кажи едно, час кажи друго… Сталин бил налик на непредвидливо и осветуљибиво божество. Дали своите жртви ги јадел живи или чекал прво да починат, па отпосле да ги проголта – сè уште не е утврдено. Но науката, кога-тогаш, и тоа ќе го утврди.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Љутков: Вевчанскиот карневал не само што обединува, туку сведочи дека нашите обичаи и вредности се живи
Со Спасовски во МВР институциите под контрола на СДСМ се пресметуваа со вевчанци, денес челниците на опозициската партија пеат друга песна
Претходно со кордони полиција, сега лично Премиерот помеѓу Вевчанци на славниот Вевчански карневал