БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Љубомир Цуцуловски: Консензуален претседател 1 и 2 дел

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

1

Дали некој (кој и да е) може да објасни што значи консензуален претседател, бидејќи претседателот на Република Македонија се бира на непосредни и општи избори, а не како резултат од договор помеѓу политичките партии. Односно, дали тоа значи дека сите граѓани, кои ќе излезат на претседателските избори, својот глас треба да го дадат за еден ист кандидат или повторно се воведува некоја нова пракса, еднаква на ујдурма?

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

2

Во вчерашниот текст реторички прашав дали некој може да објасни што е консензуален претседател на Државата, бидејќи според македонскиот Устав таква категорија не постои. Сегашната легислатива овозможува (значи, не забранува!) партиите да се договорат за заеднички кандидат и со него да излезат на претседателските избори. Но, во тој случај, се работи за консензуален к а н д и д а т, меѓутоа не и за консензуален п р е т с е д а т е л на државата (две сосема различни категории), бидејќи претседателот се избира на непосредни избори, а не во Собранието, уште помалку како договор на партиите, со амин од странскиот фактор. Меѓутоа, имајќи го досегашното искуство може да се случи следново: Со отворањето на Уставот (односно, Пандорината кутија – како што одамна предупредував) може да дојде до промена и во тој тој дел на Уставот, според која наместо претседателот да го бираат граѓаните, да биде биран во Собранието, како што беше случајот со првиот избор на Киро Глигоров. Значи, можни се и такви уставни промени. Затоа (веројатно) и борбата за што поголем број на пратеници во Собранието.

Оттука, вниманието на македонската јавност треба што повеќе да се зголеми, бидејќи лесно може да дојде до законски и уставни промени, кои потоа тешко ќе можат да се променат.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace