На денешен ден 1907 година е извршено убиството на Борис Сарафов.
Човекот што целиот свој живот го посвети на македонското дело. Од средношколските денови во машката гимназија во Солун со Гоце Делчев, Мелничкото Востание и ослободувањето на Мелник, поддршката за издавање весниците во Женева (L’Effort) и во Париз (Le Mouvement Macédonien), помошта на Македонскиот клуб од Белград, Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург, целосната логистика на гемиџиите, финансиската кондиција на организацијата, началник на главниот штаб на Илинденското востание и многу други се настани и сведоштва што Сарафов го прават една од најмаркантните личности на организацијата или како што тоа го опиша Симеон Радев во Великите сенки: Споменот за Борис Сарафов е сè уште жив, за него не е потребно да се зборува многу. Неговото име беше славно додека тој беше жив и продолжи да одѕвонува и по неговата смрт, не само во Македонија… во цела Европа, дури и во Америка… Во Македонија за него се говореше: Човек со ѕвезда-роден да биде водач. .
Слава му!

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Меѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја освои наградата за сообраќајна безбедност на Светскиот полициски самит во Дубаи
АД МЕПСО ДОДЕЛУВА 15 СТИПЕНДИИ ЗА СТУДЕНТИТЕ ПО ЕЛЕКТРОТЕХНИКА
Министерот Клековски на Денот на здравјето на COP31: Здравјето мора да биде во центарот на климатската акција