Бројт Д-503 прочитал во „Државниот весник“: „Врз основа на веродостојни податоци, повторно се откриени траги на досега недофатлова организација, која си поставила задача ослободување од благотворниот јарем на Државата.“ Затоа, бројот Д-503 веднаш одлучил да соработува со Бирото на Чуварите. Дознавајќи за неговата одлука, неговата пријателка, буквата О (да, таму, во Единствената Држава, покрај броеви постоеле и букви) го прашала зарем е шпион/кодош? Бројот Д-503 револтирано ѝ одвратил: „Вие, женските, целосно сте неспособни апстрактно да мислите. Простете, но тоа е напросто тапавост.“ И ѝ пикнал под носот цвет на момина солза и ја прашал: „Убаво мириса, зарем не? Тогаш имајте барем малку логика – момината солза убаво мириса. Но, не можете да кажете за мирисот, за самиот поим ‘мирис’ дали е добар или не! Не-мо-же-те, зарем не!? Постои мирис на момина солза и постои мирис на буника: и едното и другото се мирис. Имало шпиони во старата држава, а и ние имаме шпиони. Меѓутоа, јасно е: тогаш шпионот бил буника, а сега е момина солза. Да, момина солза!“
Претходните редови беа мала епизода од романот „Ние“ на Евгениј Замјатин (1884 – 1937). Романот е напишан 1921 година. Некои во Макенија и понатаму се чудат дека и мирисот не е мирис, односно дека не само што има шпиони и шпиони, туку дека има не/правда и не/правда: едно е не/правдата на старата држава, друго е не/правдата на новата држава Односно, дека има не/правда и не/правда. Боже мој, навистина невидена тапост кај народот! Спас нема – па, тоа тие!
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Од Скопје до Прилеп ќе се патува за час и десет минути
Николоски: Прилеп, Битола, Могила, Новаци, Кривогаштани, Крушево, Росоман се поврзуваат со модерен пат со главниот град
Продолжува трендот СДСМ од опозиција да промовира реализација на проекти на власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ