За каков Нивички/Преспански договор може да се говори, сеедно што токму на денот на неговото потпишување /17.06.2018/ Метју Нимиц го славеше својот 79-ти роденден; кога министерот Никола Димитров не беше овластен за таков чин од Претседателот на Државата; кога не помина на Референдумот и не беше објавен во „Службен весник“ со потпис од Претседателот на Државата, како што законски е предвидено? Објаснувањата од типот дека Договорот е реалност (став што можеше да се чуе и од опозицијата) претставуваат приказни за мали деца. Поточно, тој е навистина реалност во нечии глави, меѓутоа нема з а к о н с к а, легална реалност. Според тоа, и дејствата/одлуките кои произлегуваат од него немаат законска/легална природа.
Пишува: Љубомир Цуцуловски/Ljubomir Cuculovski

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи
dm повторно го отвора еко-конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ – пријавете го вашиот двор за раззеленување!