На социјалните мрежи се појави траги-комично видео на кое што додека во изјава за медиумски прилог градоначалникот на Кочани зборуваше за она што тие како локална власт го имаат реализирано за развојот на младинскиот активизам во позадина на видеото можеше да се забележи помладо момче како се втурнува во контејнер за комунален смет и претура по истиот, веројатно во потрага по храна или некој друг вреден отпад
За ваквата ситуација своја реакција во јавноста упати и Претседателот на Општинскит комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани Миле Lефков кој што го обини градоначалникот Лефков за лицемерство.
“Сиромаштијата и маката до која го донесоа овој народ не се крие, градоначалникот не гледа со каков активизам “се бават” младите додека тој тера кампања за фотеља ама ние сите гледаме!
Грдо е лицето на лицемерието!
-напиша Миле Лефков во прилог на споделеното видео:

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски дел од јавниот форум „Жените знаат што им треба“, во организација на Здружението „Гласен Текстилец“ во Штип
ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИ ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЗА ОКР ВО ОПШТИНА ВИНИЦА
Распишан конкурсот за општински стипендии за академската 2026/27 година