Во јули 2012 година го напишав текстот „Меморија и преименивања“. Тема беше масовното преименување на улиците и плоштадите од тогашнаста власт. Требаше да биде објавен во еден (тогаш) провладин, а сега опозициски портал. Никогаш не беше објавен. Не им се допаднал во Редакцијата. На мојата реакција дека нечие недопаѓање не може да биде критеруим за необјавување на некој текст, туку тоа можат да бидат само фактите изнесени во него, ништо не одговорија. Денес (после 7 години) објавувам дел од никогаш необјавениот текст „Меморија и преименувња“.
„На Јалта (4-11.02.1945.) се одржа познатата Конференција, на која учествуваа Рузвелт, Черчил и Сталин. На неа беа дефинитивно поставени интересните сфери. Во решенијата што беа донесени немаше место за целосна Македонија: еден дел остана во рамките на Југославија, со правата гарантирани на Второто заседание на АВНОЈ; другите два дела останаа во рамките на Грција и Бугарија, без какви било права за Македонците… Се заборава, исто така, кој фрлаше напалм бомби на Грамос за време на Граѓанската војна. Сепак, тоа не е причина да се величат некои политички личности од Запад, според чии имиња се имануваат многу скопски улици. Притоа, сакам да нагласам дека не станува збор за идеологија, туку за факти… Токму во ова е апсурдот: за улицата „Мексичка“ и за Лопез Матеос нема место, но има место за Рузвелт, сеедно што беше еден од оние кои конечно ја поделија Македонија. Многу работи можат да се менуваат и да се преименуваат, но менувачите остануваат немоќни пред она што на почетокот од текстов го именував како инерција на меморијата. Улицата „Мексичка“, колку тоа некому не му се допаѓало, и понатаму ќе остане „Мексичка“. Ќе остане „Мексичка“… затоа што тоа го налага ч о в е ч к и о т з а к о н. Од човечкиот закон не може да има повисок закон. Затоа, во името на човекот и човечноста да го задржиме разумот во сеопштото и непромислено менување и преиманување на скоро сите нешта.“
Така беше напишано во 2012 година. Се чини дека (понекогаш) оние кои не работеле во македонска корист се поценети од некои други. Како е сега секој може да заклучи. Секое наметнување на своето мислење (особено по секоја цена) е невкусно, бидејќи убавина со сила не бидува.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
83 годишен затвореник во затворот во Штип од Македонска Каменица починал во Клиничката Болница во Штип
Сообраќајна несреќа на магистралниот пат Штип- Радовиш, двајца возачи со тешки телесни повреди
Министерство за здравство: Пет пациенти денеска се враќаат од лекување од Србија, во странство се хоспитализирани 38 пациенти