БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Виктор А.К.А. Башлак, Закон за “фејк њуз”

Пренеси го гласот

Влада пред неколку дена го информираше собранието, а воедно и јавноста дека во интерес на коректното информирање, подобрување на новинарството и пред се во интерес на борбата против изнудата, уцената, рекетирањето итн. ќе предложи така наречен закон за „фејк њуз„. Предлог законот кој е изработен во владата не е конечен и даден е простор за измени после јавната дебата и консултациите со сите инволвирани, новинарската фела, експертите од правото и самата јавност.

Во превод на македонски јазик, овој закон е закон за целосно цензурирање на сите информации, во иднина, кои ќе се шират за скандалите кои ги прави оваа власт, а тие се премногу на двевна основа, а за неделно, месечно или годишно воопшто и не станува збор. Секој ден, скандал до скандал. Овој закон, преведено на македонски јазик, е закон за целосно цензурирање на неистомислениците на власта и ваков закон не бил донесен ниту во Титовата Југославија кога Комунистичкиот режим имал силна експанзија. Не бил донесен ваков закон ни во Сталиновиот СССР, но ете во Македонија тоа ќе се случи под диригентската палка на окупаторскиот поданик Зоран Заев.

Овој закон ме поттикна да прочепкам низ порталите и да видам кои информации споделени во истите, во минатиов период биле пласирани и на крајот се испоставиле како „фејк њуз„. И така барав едно 30сетина минути и крајниот заклучок ми беше дека, оние кои ширак „фејк њуз„ се токму, Зоран Заев, Никола Димитров, Бујар Османи, Петре Шилегов, Костадин, на мајка, Костадинов, Мила Царовска итн. Единствено што може да се окарактеризира како „фејк њуз„ а да не доаѓа од владата, беа последните написи на главниот поддржувач на власта, уште од времето кога беше власт во доаѓање, а тоа е грантовскиот лапач на пари Бранко Геровски. И тоа замислете, се она што тој напиша е точно, само што истиот нема до крај докази и сведоци да можи да ги објави и вистинските имиња на рекетариве, а и Јавното обвинителство за организиран криминал не е многу расположено до крај да ги истурка работите бидејќи кога ќе се стигни до чистината, ќе излези и вистината, а таа е дека главата на овој скандал, со рекетот, е Зоран Заев химселф.

Иначе рекордер во последниве неколку години во пласирање на „фејк њуз„ е премиерот. Всушност цела пропаганда за НАТО, ЕУ, промената на името, договорот со Република Бугарија, договорот од Преспа, се темелат на чисти измислици, пласирани во јавноста. Се темелат на разговори со пранкери и слични комичари кои цело време го ловат некадарецов преселен од Муртино на Илинденска.

Кога сме кај „Фејк њуз„ би сакал само да издвојам неколку ултра популарни лажни вести кај народот, главно пласирани од Зоран Заев, а тие се : „Доколку гласате на референдумот, ќе имаме бесплатно здравство и образование низ цела Европа„; „Џиновски компании, практично, чекаат на граница да се промени името на државата, за да влезат со инвестиции во Македонија„; „Facebook и Google ќе инвестираат во Македонија„; „Пензиите растат секој месец„; „Мерцедесот на Грујо ќе се продава, а со парите ќе се купуваат амбулантни возила„; „Штотуку во авионот на пат од Виена за дома, ни пристигна прекрасна вест, добивме датум за преговори„;  „Остварив билатерална средба со Доналд Трамп„; „Нема лекови на рецепти, затоа што пациентите ги препродаваат„ и многу други. Од смешни по смешни.

Сите овие „фејк њуз„ не ги пушти никој друг, туку самиот Зоран Заев. Доколку се соберат сите лажни вести кои владата во нејзиниот мандат ги пушти во етерот, нема да остани ништо за казнување или за цензурирање, што дава логичен пат на нештата, наместо да се бламираме пред светот со закон за цензура на медиуми, да ја спакуваме власта, да се поздравиме без бакнување и ајде на предвремени избори, да си избериме власт по мерка, а не ширачи на лажни вести и пропагандисти.  

bregalnickimarketing

Законот за „фејк њуз„ ќе биди уште една алатка плус во справувањето со неистомислениците на Зоран Заев. Ќе згаснат многу портали, ќе бидат драконски казнети многу новинари и голем број луѓе ќе бидат обесхрабрени да го кажат своето мислење од самата помисла како тоа може да ги уништи финансиски, пред се нив, а потоа и нивните семејства, во ваква тешка до безизлезна финансиска ситуација во која се наоѓа Република Македонија и претежно македонскиот народ.

Единствени „фејкери„ во етерот се владините функционери и владините пропагандни кучиња.  

Пишува: Виктор А.К.А. Башлак

Креирано од:


Пренеси го гласот