БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Љубомир Цуцуловски: ЗАМИСЛИТЕ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Замислите сите вести, на сите можни медиуми, по цел божји ден, да започнуваат со исти вести/информации. Дека, имено, во последните 24 часа од инфаркт починале толку-и-толку луѓе; дека толку-и-толку луѓе, болни од инфаркт, се хоспитализирани или дека се наоѓаат на интезивна нега во крајно критична состојба; дека толку-и толку луѓе биле во прединфарктна состојба; дека нивниот број се зголемува од ден до ден и дека не се знае кога ќе биде постигнат врвот (шпицот/пикот); дека не се знае дали тие кои веќе го преживеале инфарктот нема повторно да го добијат инфаркт; дека треба да се седи дома, да не се излегува и да не се патува, бидејќи не се знае кога инфарктот може да нападне и да ве загрози; дека специјалната Државна Комисија постојано заседава и дека, сепак, инфарктот се шири.

Понатаму, замислете дека и на вестите, и на улиците и во продавниците се истакнуваат предупредувања дека можете да станете наредна жртва; дека првите знаци за инфаркт се слабост, малаксалот, нерасположение и одредени нелагодности во градите; дека сите болнички капацитети се речиси исполнети и дека медицинскиот персонал, исто така, го зафаќаат прединфрактни состојби или активен инфаркт; дека се воведини вонредна состојба и полициски час на целата територија, бидејќи движењето и изложеноста на чист и здрав воздух, особено на планински воздух, здружени со сончевите зраци, можат да ја влошат вашата здраствена состојбата, сеедно што што таква каузална врска не е утврдена. И дека потребаната опрема/апарати, кои не се тргната од почетната дестинација, веќе се на пат кон Макенија.

Патем, нагласуваат, сите овие информации се само за ваше добро, за ваше добро и ништо повеќе отколку за ваше добро – нека ми Бог помогне!

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Ако не ве погоди инфаркт, тогаш ќе бидете избезумени, шашардисани и целосно п о с л у ш н и, сеедно што за ширењето на ковидот, т.е. инфарктот не се согласуваат бројни експерти.

Пишува: Љубомир Цуцуловски/Ljubomir Cuculovski

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace