Амбасадорката на САД изјави дека барањата за поништување на Преспанскиот договор, или за негова евентуална ревизија, ќе довеле до збунетост кај луѓето, т.е. граѓаните. Јас пак, наивен, сѐ си мислев дека граѓаните се толку збунети што позбунети не би можеле да бидат, дури и да сакаат. Меѓутоа, ете, испаѓа дека можеле уште повеќе да бидат збунети.
Во меѓувреме, истрагата за аферата „Рекет“ се концентрира врз боксерката вреќа, пронајдена во куќата на Катица Јанева. Покрај вреќата (замислете!) бил пронајден и нотес. Интересно, многу интересно станува сѐ.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
dm повторно го отвора еко-конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ – пријавете го вашиот двор за раззеленување!
Министерството за здравство и СЗО организираа национална консултација за новиот Закон за лекови
Тошковски: По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функција