Во дебатниот магазин „Клик плус“ Фрчкoвски објаснуваше како се одлучил да поднесе тужба против поранешниот собраниски спикер, за книгата „До атентатот и по него“ во која се доведува во врска тогашниот министер за внатрешни Фрчкоски со атентатот врз претседателот Киро Глигоров.
Тој вели дека не ја прочитал целата книга, но…
„Тешко се одлучив, ја контекстира целата таа група помлади политичари, но јас сум најистурен од таа група, веројатно како министер за внатрешни работи. Без никакви докази, со инсуации. Ние сме всушност луѓе кои Глигоров ги внесе во политиката, мене, Денко, Јане Миљовски. Ми беше многу непријатно. Независно што тој е стар господин и можеби oдлепил комплетно со меморијата или има други амбиции“ ,
-рече Фрчкоски.
Погледнете го овој дел од изјавата на поранешниот “прв полицаец” во владите на Бранко Црвенковски:


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Алиу – Кузмановска: Во најтешките мигови едно семејство донесе одлука што значи живот – спасен живот на пациент со трансплантација на црн дроб и подобрен квалитет на живот кај пациент со трансплантиран бубрег
Мицкоски изрази чудење за различниот став на Градоначалникот на Крива Паланка и неговата матична СДСМ во врска со стратешкиот проект во село Луке
Мицкоски во однос на обвинувањата на Блерим Беџети од ДУИ: секој има право на презумција на невиност