Во четвртокот на 23-ти август со почеток во 20.30 часот, на летната сцена од Домот за култура “Марко Цепенков“, пред љубителите на поезијата ќе се претставија четворица поети, учесници на годинешните „Струшки вечери на поезијата“. Присутните имаа можност да уживаат во поезијата на реномираните поети: Владимир Левчев од Бугарија, Мартин Глаз Серуп од Данска, Козмин Перта од Романија и Хусеин Хабаш од Сирија. Посетителите слушнаа стихови од годинешниот добитник на главната награда “Златен венец” на СВП, полскиот поет Адам Загајевски.
Со манифестацијата „Поезија на пат“, „Јавен Простор Прилеп“ во соработка со НУЦК „Марко Цепенков“, за прв пат го внесоа Прилеп во официјалната програма на „Струшките вечери на поезијата“.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!