БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Од 28 до 30 август во Неготино турнир во улична кошарка “Street Ball 2018”

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На градскиот плоштад во Неготино од 28 до 30 август, љубителите на кошарката од општината ќе имаат можност да го проследат 11-тото по ред издание на традиционалниот турнир во улична кошарка “Street Ball 2018”. Организатори на турнирот се Општина Неготино и кошаркарскиот клуб “Спорт тим” од Неготино, новиот член на Втората македонска кошаркарска лига во оваа сезона.

Заинтересираните граѓани, пријавувањето на екипите можат да го направат на телефонските броеви 076/808-560 и 070/218-265, најдоцна до 28 август (до 14 часот). Екипите кои ќе земат учество на турнирот ќе се натпреваруваат во три конкуренции, и тоа: машка – сениорска конкуренција, машка – јуниорска конкуренција (под 16 години) и женска конкуренција.

Системот на натпреварување ќе биде одреден во зависност од бројот на пријавените екипи на турнирот. Турнирот ќа започне на 28 август (вторник) во 18 часот. Наградниот фонд на турнирот, изнесува 35.000 денари.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace