Правда и слобода за Уставобранителите ќе има! Тоа го знам јас, а го знае и секој Македонец.
За наша жал, слобода и правда за нив нема и неможе да има додека е оваа хунта на власт. Луѓето кои беа најгласнии и најхрабри да се спротистават на устоличувањето на овој тоталитарен режим, сега се со тешки обвиненија на едно класично политичко судење, со ни помалку ни повеќе обвиненија за тероризам! Во моментов е сосема неважно што токму тоа на што повикуваа и предупредуваа дека како политика ќе се случува го гледаме и трпиме секој ден. Тоа што според мене е исклучително важно е да им покажеме на нашите браќа дека не се сами и дека ја имаат максимална подршка од целиот народ.
На желбата на Заев, Шеќеринска и Кацарска, да преку овој политички прогон создаде страв кај нас останатите и со тоа да не замолчат, едноставно треба да им покажеме среден прст. Уште само еден месец не дели од референдумот, на кој овие ликови најконретно ќе си видат и осетат колкава им е подршката. А потоа месеци не делат од нови парламентарни избори, после кој бидете сигурни дека и ние сме ги научиле лекциите од Прибе за практицирање на судска власт!!!
#Бојкотирам”
– Напиша Пандов.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Напредува процесот за новиот експресен пат Кочани- Делчево согласно предвидената динамика: Презентација на техничкото решение во Делчево
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи