Ова е озлогласениот инструмент (пендрек) наречен „АЗ ВСИЧКО ЗНАМ“ кој, нашите „мили браќа“ БУГАРИ, го користеле во БУГАРСКИОТ ФАШИСТИЧКИ И ОКУПАТОРСКИ полициски Участок во Прилеп, кога некој прилепчанец, односно македонец, требало да го „замолат“ да „пропее“, „СЕ’ ШТО ЗНАЕ“ и не знае. „Браќата“ бугари, кога бегале од Прилеп и Македонија, си го заборавиле овој инструмент, од нив потпишан на нивниот БУГАРСКИ ЈАЗИК, а од нас обоен со македонска крв, и тој, инструментот, денес сведочи (стои изложен во Участакот, денес Меморијалниот музеј „11 Октомври“ во Прилеп) за „братската“ љубов која ја имале кон македонскиот народ!
А можеби и намерно го оставиле!
Во спомен на сите оние чесни прилепчани и македонци кои биле „милувани“ од овој инструмент и одбивале пред него да „пеат“.
Честити 11 Октомври Македонци, каде и да сте!

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи
dm повторно го отвора еко-конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ – пријавете го вашиот двор за раззеленување!