Прилеп денес имал висок гостин! Како тоа прилепчани да не бидат информирани? Како тоа високиот гостин, сред пазарен ден, да не прошета низ прилепската чаршија и граѓаните и да искористи прилика да оствари контакт со народот? Верувам дека прилепчани ќе му приредеа „пријатен“ пречек!
Ама, тој оправдано, немал време за таква прошетка, бидејќи со претседателката на Стопанската комора, решавале еден од најгорливите проблеми на Прилеп: недостатокот од работна рака за компаниите! И, тие мудрите, небаре чеда на Соломон, заклучиле дека најмудро е да увезат работна рака од странство. А зошто да не?! Сепак се работи за плата во висина од 200 евра! Сигурно има силна конкуренција.
Ете како Стопанската комора, во соработка со Владата на премиерот Заев, ефикасно ќе го решат овој проблем. Ај па, можеби кога ќе видат нашите од дијаспората што се случува, ќе се кандисаат да се вратат.
На ваков ли начин, премиерот ќе ги врати, како што гласно ветуваше, младите кои избегаа од милава ни држава? Браво!
Некој од партијата на СДСМ да искоментира нешто? Па и Вашите чеда заминуваат од домот! Или само од спротивната партија? Браво, браво! Секоја чест за гласното молчење.
А, тие „мудреците“ од Стопанската комора, инаку газди на компании, никако да се сетат на времето до пред неколку години кога работна рака имаше ама никој тие луѓе за живи не ги есапеше. Буквално се изживуваа со нив. Речиси никој, секоја чест на исклучоци, не ги ценеше. Затоа, овие млади луѓе, во голем број, заминаа во странство. Е сега работодавците, плачат и молат за работна рака. Ако, ако … И да знаете, и Вие, покрај политичарите сте дел од причините за егзодусот на македонците.
Гревот да му го берите на македонецот и на Македонија!


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Тошковски: „Тигар“ 45 години симбол на врвна подготвеност и храброст на македонската полиција
Финансиска полиција поднесе Кривична пријава против поранеше в.д. директор на ЈП Кпмунална хигиена Скопје
Перински: Започнуваме нов стратешки процес за зајакнување на меѓуопштинската соработка