Кандидатот за градоначалник на Кочани Љупчо Папазов, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ денеска во јавност презентираше повеќе проекти од неговата предизборна програма кои се однесуваат за развој на туристичкиот локалитет на планината Пониква во Кочани.
“Почитувани, Пониква е гордоста на Кочани, на истата ќе изградиме целосна инфраструктура
За водоснабдување и одведување на отпадните води. Ќе подготвиме урбанистичка документација за изградба на нови хотелски комплекси. Опремата која ја оставивме а сега е во очајна состојба.
Ќе ја подигнеме и ќе ја ставиме во функција на посетителите на Пониква.
Ќе изградиме нов ски лифт и нова ски патека. Ќе ги асфалтираме сите пристапни патишта до викенд куќите.”
-соопшти во јавноста преку видео обраќање кандидатот за градоначалник Љупчо Папазов.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија