Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски оствари работен состанок со Умер Ал-Катиб, раководител на Одделот за човекова димензија при Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
На состанокот се разговараше за идните активности кои Уставниот суд и Мисијата на ОБСЕ во Скопје заеднички ќе ги спроведат, во насока на продолжување на соработката и склучување нов Меморандум за разбирање.
Меѓу приоритетите кои Костадиновски ги нагласи е унапредување на транспарентноста преку неколку активности, по претходно испитување на јавното мислење и довербата на граѓаните во Уставниот суд.
Претседателот Костадиновски ја потенцираше важноста од спроведување на стручни обуки за советниците и информираше за потребата од вложување во кадровските капацитети на Судот со крајна цел да се обезбеди поефикасна служба и зголемување на квалитетот на работниот перформанс.
На состанокот се разговараше за организирање на меѓународни конференции на кои ќе бидат споделени компаративни искуства од други држави, за теми важни за уставното судство и унапредување на човековите слободи и права.
Во изминатите неколку години Мисијата на ОБСЕ во Скопје раководена од Н.Е. Амбасадорот Килиан Вал даде значителна поддршка за Уставниот суд при организирањето на Меѓународната конференција по повод „60 години Уставен суд”, промоција и издавање на Монографија, како и зајакнување на капацитетите на Судот преку обезбедување на соодветни обуки за советниците.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Божиновска со низа билатерални средби и пораки за забрзана транзиција на UNECE Resource Management Week
Шеикот Венко од Емиратите: Сепак претседателот на СДСМ има златна виза како менаџер и инвеститор во Обединетите Арапски Емирати
Божиновска од UNECE Resource Management Week 2026: Одлучни политики, силни инвестиции и меѓународна соработка за одржлива енергетска иднина