Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе кривична пријава за кривично дело “злоупотреба на службена положба и овластувања“ по член 353 став 1 од КЗ на РСМ, против Б.М., во моментот на работно место главен инспектор во Одделение за лично обезбедување на министри, поранешни претседатели на РСМ и други личности при ОЗОЛО.Во февруари 2024 година пријавениот како началник на Одделение за лично обезбедување на министри, поранешни претседатели на РСМ и други личности при ОЗОЛО, во евиденцијата за распоред на работни часови за месец февруари, иако знаел дека за две вработени нема изготвени наредби за работа подолга од полното работно време, евидентирал 32 часа, односно 28 часови прекувремена работа и изработил список за исплата на плата за месец февруари во кој ги евидентирал.
Кривична за главен инспектор од одделение за обезбедување на министри, поранешни претседатели…


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Божиновска со низа билатерални средби и пораки за забрзана транзиција на UNECE Resource Management Week
Шеикот Венко од Емиратите: Сепак претседателот на СДСМ има златна виза како менаџер и инвеститор во Обединетите Арапски Емирати
Божиновска од UNECE Resource Management Week 2026: Одлучни политики, силни инвестиции и меѓународна соработка за одржлива енергетска иднина