Со векови твoјте борови шумат
те капе златест априлски сјај
со векови плиска пенлива Струма
низ тебе роден Пирински крај!
Чувствувам волност Пиринска горо
да викнам песна в просторот син
ми блика радост да пеам и зборам
за тебе, Јане, народен син!
Да кликнам песна би сакал силна,
песната стара за тебе дар,
како си Јане Родина бранел
со каква гордост љубов и жар!
Си згрнал народ под Гоцево знаме
да стресеш ропство и темен гнет
в народнн срца запалил пламен
да фрлат јарем султански клет.
Бегови, аги крвни си мразел
и секој феуд – народен враг,
в Република земја сакаше да видиш, –
в слобода грејнат татков праг!
И подарок песна денес ти давам
ка тебе вечен Пирински џин,
за нашата гордост и твојата слава
ти пеам песна, народен син!
Ванчо Николески
(Црвена Вода, Охридско, 10 јуни 1912 – Црвена Вода, Охридско, 15 април 1980)
Стихотворбата е извадок од стихозбирката “Моето село” издадена во 1950 година од страна на младинското книгоиздателство “Ново поколение” од Скопје

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи
dm повторно го отвора еко-конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ – пријавете го вашиот двор за раззеленување!