Во соопштение за јавноста политичката партија Левица денес информираше за посетата на нивниот кандидат за претседател на Република Македонија Професорката Билјана Ванковска.
„Прв чекор како претседател ќе биде раскинување на Договорот за добрососедство со Бугарија, затоа што барањата во од таа страна веќе го надминаар тој договор како таков “ истакна Билјана Ванковска, кандидат за претседател од Левица, на денешната средба со граѓаните на Штип. На средбите Билјана Ванковска придружувана од пратеникот Борислав Крмов и членот на Президиум на Левица, Александар Симонов, разговараа со штипјани за моменталната ситуација во државава и за изборната програма на Ванковска. На граѓаните им беше поделена и програмата за кандидат за претседател на Билјана Ванковска.
Ванковска истакна дека граѓаните ги препознаваат искрените намери за зачувување на националното и бараат некој да го каже тоа што тие не смеат да го кажат. „Јас ветив дека ќе ја зборувам вистината и јасно го кажувам тоа што граѓаните го чувствуваат, а не можат да го кажат“, рече Ванковска.
Пратеникот и носител на листа од ИЕ5, пак, рече дека меѓу граѓаните се одлично прифатени, ја делат програмата и дека верува дека Левица го има најдобриот кандидат. „Професорката не е само најдобриот туку е единствен кандидат. Една е од ретките интелектуалци која во сите овие децении зборувала без влакна на јазикот. Таа е единствен интелектуалец која го нарушува статус квото во овие 30 години“, истакна Крмов.
Посетата заврши со положување свежо цвеќе пред спомен-релјефот кај Народниот театар во очи денот од бомбардирањето на Штип.
-стои во соопштението упатено до јавноста од страна на политичката партија Левица.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
ПОВИК ЗА МЛАДИ: БЕСПЛАТНО УЧЕСТВО НА CASSINI SPACE CAMP
Делчево- единствената општина од регионот која го доби престижното признание “Младински пријателски град”