БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ОУ „Малина Попиванова“ во Кочани го одбележа патрониот празник

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Основното училиште „Малина Попиванова“ го одбележа патрониот празник – 122 години од раѓањето на македонската револуционерка и 39 години од основањето на училиштето. 

По тој повод градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, членови на Советот на Општината, училишни и партиски делегации, положија свежо цвеќе и оддадоа почит пред бистата на Попиванова во училишниот двор. 

Директорот на „Малина Попиванова“ Благој Петров  соопшти дека меѓу двата патрони празника се набавени нови нагледни средства, реновирани се две училници за првоодделенци и формирана е паралелка за продолжен престој. 

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Пред публиката беше прикажана свечена програма во која учествуваа учениците од одделенска и предметна настава. 

Креирано од:


Пренеси го гласот